Помош и Совети

Како да го предадете вашиот оглас?

1. Доколку сте регистриран корисник на Огласник24, најавете се.
2. Доколку не сте регистриран корисник, РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ.
Регистрирањето се прави на следниот начин: кликнете на линкот „регистрација“. Пополнете ја формата за регистрација со вашите податоци. Доколку правилно сте ги пополниле сите податоци, вклучувајќи го и безбедносниот код, на email адресата со која сте се регистрирале ќе добиете порака со линк за активација. Со кликање на линкот, корисничкиот профил автоматски ќе ви се активира.

3. Одберете го видот на огласот кој сакате да го објавите.
4. Пополнете ги деталите на огласот.
По одбирањето на видот на огласот добивате форма во која треба да ги пополните деталите на она што го огласувате. Ве советуваме да внесете што е можно повеќе детали со цел вашиот оглас да може полесно да биде пронајден. Повеќе информаци - поголем успех на огласот. Следете ги упатствата кои ќе ги добивате на вашиот екран и вашиот оглас ќе биде предаден во 3 чекори.

Времетраење и време на објавување на огласите

Времетраењето на огласите е различно во зависност од типот на огласот. Покрај секоја понудена опција за праќање на вашите огласи, испишано е времетраењето на истите.
Напомена: Огласи можете да предавате секој работен ден, најдоцна до 19 часот. Огласите пратени после наведениот термин ќе бидат објавени во текот на следниот работен ден според редоследот на праќање. Испратените огласи, ќе бидат прегледани и одобрени од нашите модератори и истите ќе бидат објавени најмногу 2 часа по нивното праќање. За време на викендите огласите ќе можат да се праќаат најдоцна до 15 часот. Огласите кои ќе бидат пратени за време на државни и верски празници, ќе бидат објавени во првиот следен работен ден според редоследот на праќање на истите. Огласите пристигнати најдоцна до петок во 11 часот , ќе бидат објавени во следното печатено издание (печатениот огласник излегува секој вторник заедно со дневните весници ДНЕВНИК, УТРИНСКИ ВЕСНИК и ВЕСТ).

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ОГЛАСНИКОТ - Огласник 24 часа

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење на интернет огласникот Огласник 24 часа. Со пристапување и користење на овој сајт, потврдувате дека сте согласни со правилата и условите навеведени во текстот што следува. Доколку не се согласувате со истите, Ве молиме да престанете со користењето на овој сајт. Во текот на користењето и прстапот кон интернет страницата на ОГЛАСНИК 24 ЧАСА, ќе се применуваат сите законски норми кои важат во Република Македонија.

1. Овој интернет сајт е направен со голема грижа и внимание на деталите. Сите огласи и информации поврзани со огласите доаѓаат од трето лице. Истото тоа лице е одговорно за точноста, целосноста и квалитетот на огласот. ОГЛАСНИК 24 ЧАСА не е одговорен за содржината на огласите

2. Огласникот ги поврзува продавачот и купувачот. Со користењето на овој сајт, не значи дека интернет огласникот е одговорен за продажбата ниту пак е дел од продажбата.

3. Ако сакате да го користите овој сајт, Вие мора да сте сигурни дека вашите лични контакт информации се комплетни и точни. Исто така мора и да гарантирате дека сте законски надлежни за негово користење.

4. Вашите лични податоци ќе бидат користени само за реализација на бараната акција (продажба, купување, размена и сл.). Податоците во никој случај нема да бидат отстапени на трето лице за каква било употреба.

5. Огласникот ги има преземено сите мерки за заштита на личните податоци на корисникот.

6. Сите авторски права се заштитени.

7. Огласникот го задржува правото да го исклучи од понатамошна употреба на интернет страницата корисникот кој ги прекршува условите и правилата, или на било кој друг начин ја успорува или попречува работата на страницата. Исто така, Огласникот го задржува правото да преземе и правни мерки против таквите корисници и да бара надомест за настаната штета или загуба.

8. Огласникот го задржува правото на администрација на пратените слики. Сликите кои се со непристојна, вулгарна и навредувачка содржина нема да бидат објавени.

9. Во делот на личните контакти, право на објавување и одговарање на дадените огласи имаат само полнолетни лица. Самиот корисник потврдува дека има наполнето 18 години при влегување во рубриката Лични Контакти. За лажното преставување и последиците кои евентуално ќе произлезат од тоа, ОГЛАСНИК 24 ЧАСА не сноси никаква одоговорност.

10. Како слика која е дел од огласот, нема да бидат објавувани лога или заштитни знаци од домашни и странски правни лица. Истите тие можат да објават платена интенет реклама.

Огласник 24 Часа
Декември, 2010 година.
©Медиа Принт Македонија, 2010. Сите права задржани.
 
uhn:www.oglasnik24.mk
 
Огласот се вчитува...